куќарка новости Милион нови дрвја на Водно во наредните години
Милион нови дрвја на Водно во наредните години Print E-mail
Written by Rantasa   
вторник, 13 јануари 2009 14:22

Градските власти планираат да пошумат 454 хектари површина во заштитената зона на Водно во наредниве десет години, со што степенот на нејзината пошуменост треба да се зголеми на 70 отсто. Ова се предвидува со планот за одгледување и за заштита на парк-шумата што го изгласа советот на градот.

- Главната цел е да се подобри животната средина, а тоа ќе се постигне само ако пошуменоста на Водно изнесува 85 до 90 отсто од вкупниот простор. Станува збор за трајна и за бујна вегетација во форма на високостеблеста шума. Со тоа би се прочистил воздухот и би се намалиле високите температурни разлики во градот - се вели во документот.

Според планот, во нареднава деценија треба да се пошумуваат по 45,4 хектари шума, а на секој хектар да се засадат по 2.500 садници. Тоа значи дека за десет години на Водно би изникнале уште еден милиони 135 илјади дрвја. Од градот објаснуваат дека од голема важност е правилно да се изберат видовите дрвја што ќе се садат. Така, во близина на боровите шуми е потребно да се насадат елки или буки, како видови што поднесуваат сенка. Дабовите, брезите, јаворите и липите, пак, би биле соодветни за површините што се наоѓаат на надморска височина пониска од 600 метри. Над 800 метри, пак, треба да се садат елки, смреки и слично. Треба да се има предвид и дека Водно е рекреативна шума со многу посетители, па да се воведат и декоративни видови, особено покрај видиковците и на другите места што често се посетуваат. Просторите околу природните и културните споменици, пак, ќе се приспособуваат за краткотраен престој. Такви се месноста Маркова крушка, која е средновековна руина, потоа палеонтолошкиот локалитет кај Горно Нерези и манастирот „Свети Пантелејмон“, во кој се наоѓа најстарата црква во околината на Скопје.

Во околу 540 хектари, пак, ќе се спроведуваат санитарно-одгледни сечи, пред сè кај високостеблестите вештачки подигнати насади од зимзелени дрвја. Потребно е на секои пет години да се отстранат сите заболени, прекршени и оштетени дрвја, што би можеле да ги загрозат и здравите во нивната околина. Се претпоставува дека такви дрвја може да бидат од еден до три отсто од вкупната дрвна маса, па затоа тие треба претходно да бидат видно обележани од стручњаците пред да се сечат. Сушењето на шумите, пак, бара подетално да се обрне внимание на болестите и на штетните инсекти, како и на нарушувањата во екосистемот предизвикани од високи и од ниски температури.

Од неприродните опасности најголеми се бесправната сеча, за која е потребно да се обезбедат повеќе шумочувари, како и пожарите. За тоа треба да се садат растенија што го забавуваат ширењето на огновите, како бозел и бршлен, но и да се постават повеќе видиковци за набљудување на состојбата.

Градот планира и да го заштити дивечот на Водно така што ќе постави хранилишта за срните, дивите свињи и за еребиците. За птиците се предвидени и куќички за гнездење.

Во текот на минатата година биле исечени 1.060 суви и болни дрвја, а почнала да се гради и противпожарната набљудувачница и се пошумиле 12 хектари голини. Годинава треба да се пошумат уште толку, но и да се постават хранилиштата и куќичките за животните, да се догради набљудувачницата, да се набави противпожарна опрема за десет лица, да се постават табли за забрана за палење оган и други активности.

Превземено од Нова Македонија
Автор: Г.Т.

LAST_UPDATED2
 
Од сега, па натаму во Документите можете да ја погледнете дигиталната верзија на Списанието на Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ - Наши шуми.

поддршка

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner