куќарка новости Forests in the changing Environment
Forests in the changing Environment Print E-mail
Written by Fidanka   
четврток, 11 септември 2008 14:01
Во организација на Министерството за земјоделство и шумарство на Финска и коорганизација на Министерската Конференција за заштита на шумите во Европа (MCPFE), од 3-5 семптември 2008 год. се одржа работилница со наслов „Шумите во променливата животна средина“. Како член на MCPFE Република Македонија учествуваше на оваа работилница. 

 

Целта на работилницата беше усвојување на документ со кој Европа ќе ја даде својата контрибуција кон 8мата Сесија на Форумот за Шуми при Обединетите Нации кој ќе се одржи кон крајот на април 2009 година.  Според работната програма на MCPFE 2009-2011 г. и Варшавската Декларација од 5та Министерска Конференција за заштита на шумите во Европа, европските земји се обврзаа да развијат постојана поддршка на Форумот за Шуми при ОН, преку развој на соработката помеѓу разни регионални тела, процеси и договори. Европскиот придонес кон глобалните проблеми се однесува на приоретизирање на проблемите кои се поврзани со улогата на шумите и одржливото стопанисување со шумите во животната средина која се менува: климатските промени, нам алувањето на површините под шума, деградација на шумите, десертификација, биодиверзитетот и заштитените подрачја.

Документот кој резултираше од работилницата ќе биде презентиран на Европската недела за шумарство од 20-24 октомври и предаден на Секретаријатот на Форумот за Шуми при ОН.

Повеќе информации, може да се најдат на www.mcpfe.org

LAST_UPDATED2
 
Од сега, па натаму во Документите можете да ја погледнете дигиталната верзија на Списанието на Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ - Наши шуми.

поддршка

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner