куќарка новости Основачко собрание на Национално здружение на шумарски инженери и техничари
Основачко собрание на Национално здружение на шумарски инженери и техничари Print E-mail
Written by Rantasa   
понеделник, 06 декември 2010 15:27

Почитувани колеги,

На ден 15.XII.2010 година во 17 часот и 30 минути во амфитеатарот на УКИМ Шумарскиот Факултет во Скопје, ќе се одржи основачко собрание на „Национално здружение на шумарски инженери и техничари“ од областа на шумарството и озеленувањето во Република Македонија.

 

Веќе подолг период постои горлива потреба од формирање на здружение на шумарски инженери и техничари, преку кое ќе може да се дебатира и полемизира за најразлични аспекти во струката, да се согледуваат и решаваат стручни и социјални проблеми, но и да се добие правна рамка со која ќе може да се застапуваат и бранат интересите на сите шумарски инженери и техничари во Република Македонија.

Основната мисија на ова здружение е да работи во насока на развој и промовирање на шумарството и озеленувањето, како и за зачувување на личниот и стручен интегритет на сите шумарски инженери и техничари во Република Македонија.

Ве покануваме на основачкото собрание да дадете придонес во формирањето и понатамошното работење на здружението.

Во Скопје, 24.XI 2010 година.

Со почит,

Иницијативен одбор:
-Славчо Голабовски, дипл. шум. инж.
-Горан Пановски, дипл. шум. инж.
-Д-р Македонка Стојановска, УКИМ ШФС
-Милорад Андриевски, дипл. шум. инж.
-М-р Сашо Петровски, дипл. шум. инж.
-Д-р Кирил Сотировски, УКИМ ШФС
-Зоран Секуловски, дипл. шум. инж.
-Љубомир Нетков, дипл. шум. инж.
-Инж. Бојан Симовски, пом. асс., УКИМ ШФС
-Марко Тасевски, студент, УКИМ ШФС

LAST_UPDATED2
 
Можете да пишете коментар на текстот. За тоа потребно е да се регистрирате во прозорчето за регистрација.

поддршка

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner