куќарка новости Плаќаат за да се задржат шумите
Плаќаат за да се задржат шумите Print E-mail
Written by Фиданка   
среда, 13 јануари 2010 09:58

КВЕРЕНЦИЈА, Бразил - Хозе Марколини, фармер од Кверенција, има дозвола од бразилската влада да срамни со земја 12.500 акри тропска шума година за една година да создаде високопрофитабилни нови полиња со соја. Меѓутоа, тој вели дека се бори со неговата совест.

Бразилска група за заштита на животна средина му нуди годишна исплата во готовина за да ја задржи шумата, со цел да помогне во борбата против климатските промени. Марколини вели дека се грижи за животната средина. Но, тој, исто така, треба да се грижи за семејството и се сомнева дека првичната понуда на групата во преговорите -12 долари за акра, годишно - е доволна за да прифати. „За да одолеам на притисокот, опкружен од полиња со соја, ќе треба да бидам платен - многу платен“, вели Марколини (53), додавајќи дека расчистено обработливо земјиште во државата Мато Гросо се продава по 1.300 долари за акра.

Мато Гросо значи „густа шума“ и името некогаш беше соодветно. Но, денес тоа место е епицентар на глобалното обесшумување. Густите шуми во регионот агресивно се расчистуваа во изминатава деценија, поттикнати од профитот што се добива од плодната почва, така што Мато Гросо сега е водечки произведувач во Бразил на соја, пченка и добиток, кои се извезуваат низ светот преку мултинационални компании.

Обесшумувањето, клучен фактор за климатските промени, ефективно опфаќа 20 отсто од емисиите на јаглероден диоксид во светот и 70 отсто од емисиите во Бразил. Запирањето на ново обесшумување, велат експертите, е моќен начин на борба против затоплувањето, исто како што е затворање на фабриките за јаглен во светот.

Но, досега немаше финансиска награда за задржување на шумите. Тоа е причината што се' поголем број научници, политичари и еколози тврдат дека исплатите во готовина - како онаа понудена на Марколини - се единствениот начин да се стави крај на уништувањето на тропските шуми и да се обезбеди скандирачка стратегија во обид да се ограничи глобалното затоплување. За разлика од високотехничките решенија, како што се заробување и издвојување јаглероден диоксид или производство на гориво од алги, чувањето на шумите дава извонредно едноставен резултат за животната средина: земјопоседникот ги намалува емисиите од неговиот имот на нула.

Иво де Бер, извршен секретар во ОН за климатски промени, вели дека „луѓето ги сечат дрвјата, бидејќи постои економско образложение за тоа и треба да ги обезбедите со финансиска алтернатива“, вели тој.

Стратегиите за плаќање би можеле да подразбираат директни исплати на земјопоседниците за да ги задржат шумите, како и индиректни субвенции како повисоки цени за говедско месо и соја што се произведени без да се врши расчистување на теренот.

Обесшумувањето создава емисии на јаглероден диоксид преку пожарите и машинеријата што се користи за соборување дрва, а исто така го уништува растителниот свет, што помага да се апсорбираат емисиите на јаглероден диоксид од автомобилите и фабриките низ светот. Но, правилно спроведување на иницијативите за готовина е комплексна и непозната работа. Во голем дел од земјите во развој, вклучувајќи го и Бразил, обесшумувањето е врзано со економскиот напредок.

Педро Алвес Гвимараеш (73), искусен човек од регионот покрај Реката на мртвите, пристигнал во Мато Гросо во 1964 година во потрага по бесплатно земјиште, се пробивал во џунглата се' додека не нашол локација и направил колиба како основа за одгледување добиток. Иако жали поради загубата на шумата, тој ги поздравува поволностите како училиштето изградено пред неколку години кое го посетувале неговите внуци и електричната енергија поставена минатата година што му овозможила да го купи неговиот прв замрзнувач.

Покрај тоа, групите за заштита на животната средина предупредуваат дека лошо замислените програми да се плати одржувањето на шумите би можело едноставно да служи како заплашување за луѓето што ги уништуваат. На пример, една од предложените верзии на планот на ОН би дозволила плантажите со дрвја, на пример палми кои се одгледуваат заради палминото масло, да се вбројуваат во шуми, иако плантажите со дрвја го немаат приближниот потенцијал за апсорпција на јаглероден диоксид како вистинските шуми и се значително помалку различни во растителниот и животинскиот свет. „Постои можност исходот да биде многу чуден“, вели Шон Кадмен, портпарол на Здружението за дивината на Австралија.

Глобални, како и локални, економски сили спроведуваат обесшумување. Шумите се сечат за да се помогне исхраната на се' поголемото население во светот и да се одговори на се' поголемиот апетит за месо.

Во Индонезија, која заедно со Бразил води во светот според степенот на загубените тропски шуми секоја година, шумите се расчистуваат за да се засадат палми заради палминото масло, кое се користи за производство на храна и како компонента на биогоривата. Бразил се обидува да го балансира развојот и чувањето на шумите. Со грант од Норвешка, што би можел да и' донесе на земјата една милијарда долари, беше создаден Фондот Амазон со цел да им се помогне на заедниците да ги одржуваат нивните шуми. Националните закони предвидуваат дека 80 отсто од секој предел во горниот амазонски регион и 50 отсто во поразвиените региони мора да останат пошумени, но тоа е огромна територија каде што законот слабо се спроведува. Извозниците на соја официјално имаат мораториум да го користат производот од речиси обесшумени земјишта.

Во Мато Гросо, 1.125 км2 тропска шума беа расчистени само во последните пет месеци од 2007 година, посочува бразилскиот Национален институт за вселенски истражувања, кој го следи исчезнувањето на шумите. „Со оглед на парите што треба да се добијат, нема закони што ќе ги задржат шумите“, вели Џон Картер, фармер кој се населил тука пред 15 години, и кој надлетува со неговата „цесна“ над оголеното земјиште.

Се' до неодамна, развојот на Амазон беше приоритет, а некои доселеници се чувствуваа предадени од новата стигма во врска со обесшумувањето. Како и на американскиот запад во 19 век, така бразилската влада го поттикнува населувањето со бенефиции за сопствениците на фарми, како евтино земјиште и помош за сместување, а многу од нив се' уште постојат. „Беше револтирачки и тажно кога светот се изјасни дека обесшумувањето е лошо – нам ни беше речено да дојдеме тука и дека треба да ги исечеме шумите“, вели секретарот за земјоделство на Мато Гросо, Нелдо Егон Веирих (56), кој се преселил тука во 1978 година и забележува дека за да може еден фармер да се квалификува за заеми за купување трактори и семе треба да расчисти 80 отсто од своето земјиште. Тој, исто така, е горд што ја претворил Мато Гросо од маларична зона во расадник за земјоделски култури. „Мато Гросо е под микроскоп - знаеме дека треба да направиме нешто. Но, не можеме едноставно да го прекинеме производството“, вели Веирих.

(Интернешенел хералд трибјун)
Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=79BD2E6A5E54AD499CD2D74BA352D6E6

 

LAST_UPDATED2
 
Можете да пишете коментар на текстот. За тоа потребно е да се регистрирате во прозорчето за регистрација.

поддршка

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner