куќарка новости Македонија испушта најмногу CO2 по жител
Македонија испушта најмногу CO2 по жител Print E-mail
Written by Фиданка   
понеделник, 14 декември 2009 10:46

Македонија води по испуштање на јаглероден диоксид по жител, но за тоа во јавноста се зборува многу малку“, вели Душко Христов од НВО „4х4х4 балкански мостови“ и национален координатор на движењето БЕЛЛС за Македонија.

Христов објаснува дека технологијата што ја користат македонските индустриски капацитети не е многу различна од онаа кај нашите соседи, но во Македонија се соочуваме со дополнителни извори на јаглероден диоксид. Тоа, пред се', е затоплувањето на дрва, што масовно се користи, особено во источниот дел од државата. Според Христов, постојат примери во кои домаќинствата и преку лето воопшто не употребуваат електрична енергија, туку горат дрва за сите потреби во домаќинството. Во актуелната финансиска и општествена позиција во која се наоѓаат огромен број семејства, не станува збор за употреба, ниту се размислува за воведување алтернативни извори на енергија.

Од друга страна, пак, вели Христов, во нашата земја полека се воведуваат европските стандарди, според кои, не може во државата да се внесе автомобил што не ги задоволува еколошките стандарди, како и акциите за замена на ладилникот со нов што не користи фреон.

Решенијата, според Христов, се во обновувањето на шумите, користењето на обновливи извори на енергија.

„Во Македонија, во медиумите само 0,67 проценти од вестите се однесуваат на животната средина. Како очекуваат граѓаните да ја сфатат пораката“, прашува
Христов. (С.Н.)

Izvor: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D1D3AE346D24344EA0D2E028946F6AB8

 
Од сега, па натаму во Документите можете да ја погледнете дигиталната верзија на Списанието на Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ - Наши шуми.

поддршка

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner