куќарка новости Научниците збунети - тајмаут во глобалното затоплување
Научниците збунети - тајмаут во глобалното затоплување Print E-mail
Written by Фиданка   
вторник, 24 ноември 2009 10:21

Од Кјото до Копенхаген

Глобалното затоплување изгледа е стагнирано. Климатолозите се збунети од тоа зошто просечните глобални температури престанаа да се зголемуваат во последниве 10 години. Некои ова му го препишуваат на недостигот на сончеви пеги, додека, пак, други тоа го објаснуваат со океанските струи.

Барем времето во Копенхаген изгледа дека ќе соработува. Данскиот метеоролошки институт прогнозира дека температурите во декември, кога градот ќе биде домаќин на Конференцијата на ОН за климатските промени, ќе бидат еден степен повисоки од долгогодишниот просек.

Меѓутоа, во моментов се бележи затишје во врска со глобалното затоплување. Просечните температури на Земјата престанаа да се зголемуваат од почетокот на милениумот, па дури и изгледа дека глобалното затоплување годинава би можело да биде запрено.

Иронично, но климатските промени изгледа запреа во време на подготовките за претстојниот Светски самит во данскиот главен град, каде што илјадници политичари, бирократи, научници, бизнис-лидери и активисти за животната средина планираат да преговараат за намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина. На преговорите во прашање се милијарди евра.

Температурниот дијаграм на планетава остро се зголемуваше во последниве 30 години, додека глобалните температури растеа во просек по 0,7 Целзиусови степени од 1970-тите до доцните 1990-ти години.

„Меѓутоа, сега затоплувањето прави пауза“, потврдува метеорологот Моџиб Латиф од институтот „Лајбниц“ за поморски науки во северниот германски град Кил. Латиф, еден од најпознатите германски климатолози, вели дека температурниот дијаграм достигна плато. „Тоа не може да се оспори“, додава тој. „Треба да се соочиме со тој факт“.

Иако застојот во порастот на температурата најверојатно нема да има ефект врз долгорочниот тренд на затоплување, тоа ги зголемува сомневањата за претскажаната вредност на климатските модели, а, исто така, е и политичко прашање. Со месеци, скептиците за климатските промени се перчат со заклучоците на нивните интернет-форуми. Тоа поттикна голем број климатолози да ги третираат податоците за температурата во јавноста со чувство на срам, со што си наштетуваат на сопствениот кредибилитет. „Не може да се одрече дека ова е едно од најжешките прашања во научната заедница“, вели Јохем Мароцке, директор на Институтот за метеорологија „Макс Планк“ во Хамбург. „Ние навистина не знаеме зошто во овој момент се случува оваа стагнација“.

Само пред неколку недели британскиот Центар за климатски прогнози и истражувања „Хадли“ додаде повеќе масло во огнот со своите најнови пресметки за просечните температури на глобално ниво. Според податоците од „Хедли“, светот станувал се' потопол за 0,7 Целзиусови степени во периодот од 1999 до 2008 година, а не за 0,2 Целзиусови степени, како што се претпоставуваше од страна на Меѓувладината комисија на ОН за климатски промени. И, како што додаваат британските експерти, кога нивните бројки ќе се приспособат кон двата климатски феномена што природно се појавуваат, „Ел нињо“ и „Ла ниња“, температурниот тренд што излегува како резултат од нив е намален за 0,0 Целзиусови степени, со други зборови, е во застој.

Разликите меѓу одделни региони во светот е забележителна. На Арктикот, на пример, температурата е зголемена за речиси 3 Целзиусови степени, што доведе до драматично топење на ледената покривка на морињата. Во исто време, е забележан пад на температурата во големи области од Северна Америка, западен Пацифик и Арабискиот Полуостров. Европа, вклучувајќи ја и Германија, останува на територијата на позитивно затоплување.

Но, неколку научници едноставно не сакаат да им веруваат на британските калкулации. „Затоплувањето продолжи во последниве неколку години“, вели Стефан Рамсторф од Истражувачкиот институтот за влијанието на климата во Потсдам. Меѓутоа, Рамсторф помалку или повеќе е осамен во неговиот став. Научникот Јохем Мароцке од институтот „Макс Планк“ во Хамбург, од друга страна, пак, вели: „Јас речиси и да не познавам колега кој би негирал дека во последниве неколку години е потопло“.

Контроверзноста испраќа збунувачки и мешани пораки до нестручната јавност. Зошто се води толку енергична дебата околу климатските промени, иако во моментов температурата не расте? И како научниците не можат да дојдат до консензус за промените во температурата, иако тие константно се мерат?

Глобалната мрежа за следење на температурите се состои од 517 метеоролошки станици. Но, секое читање е само мала точка на големата мапа на светот и треба да се изведе заклучок за цел регион со помош на суперкомпјутери. Покрај тоа, се' уште има многу црни точки, најголемата е на Арктикот, каде што има само околу 20 метеоролошки станици кои покриваат огромна област. Климатолозите се осврнуваат на проблемот како на „арктичка дупка“.

Научниците од центарот „Хедли“ едноставно ги користат глобалните просечни вредности за дупката, игнорирајќи го фактот дека станува се' потопло на Арктикот, вели Рамсторф. Но, тим на НАСА од Институтот за вселенски студии „Годард“ во Њујорк, кој прави одредени приспособувања кон арктичките податоци за кои Рамсторф верува дека се неопходни, дојде до рамен температурен дијаграм за последниве пет години што е слично на она до што дојдоа нивните британски колеги.

Мароцке и метеорологот Моџиб Латиф од институтот „Лајбниц“ дури и се убедени дека нејасното пресметување, направено од Рамсторф е контрапродуктивно. „Треба да и' објасниме на јавноста дека гасовите со ефект на стаклена градина нема да предизвикаат постојано растење на температурата од едно рекордно ниво до друго, но дека тие се' уште се предмет на природни флуктации“, вели Латиф. Од таа причина, додава тој, опасно е да се наведуваат посебни случувања поврзани со времето, како сушата во Мали или ураган, како позитивен доказ дека климатската промена е веќе во тек. „Можеби ние премногу жестоко сугериравме во минатото дека развојот на настаните ќе продолжи да оди во една права, остра, нагорна линија. Во реалноста, фази на стагнација или дури на ладење се сосема нормални“, вели Латиф.

Климатолозите ги користат своите компјутерските модели за исцртување на температурните дијаграми кои продолжуваат и во иднина. Тие предвидуваат дека просечната глобална температура ќе се зголеми за околу 3 Целзиусови степени до крајот на веков, доколку човештвото не успее драстично да ги намали емисиите на гасови со ефект на стаклена градина. Меѓутоа, никој не знае како точно ќе изгледа климата на светот, во не толку далечна иднина како, на пример, во 2015, 2030 или 2050 година.

Тоа е така, бидејќи не е само влијанието на луѓето, туку и природните фактори што имаат ефект врз климата на земјата. На пример, струите во океаните низ светот се предмет на одредени циклуси, како што е и соларната активност. И големите вулкански ерупции, исто така, би можеле да ги запрат се' повисоките температури на среден рок. Ерупцијата на Монт Пинатубо во јуни 1991 година, на пример, предизвика намалување на температурите низ светот во просек за 0,5 Целзиусови степени, со што ја пролонгираше фазата на постудена клима што почна кон крајот на 80-тите години. Меѓутоа, ерупцијата на Монт Пинатубо се случи многу одамна за да се поврзе со сегашното забавување во глобалното затоплување. Па, сега што стои зад овој понов феномен?

Факт е дека сонцето незначително слабее. Неговото зрачење во моментов е на минимум, како што е евидентирано од малиот број сончеви пеги на неговата површина. Според калкулациите направени од група научници на НАСА, предводени од Дејвид Ринд, кои неодамна беа објавени во списанието „Џиографикал рисрч летерс“, оваа редуцирана соларна активност е најважната причина за стагнирањето на глобалното затоплување.

Латиф, од друга страна, пак, стагнацијата му ја препишува на таканаречената Пацифичка декадна осцилација. Овој феномен во Пацификот овозможува големи количини студена вода од длабочините на океанот да се крене на површината, на Екваторот. Според Латиф, ова има значаен разладувачки ефект на атмосферата на Земјата. (Шпигел онлајн)

извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=00CE71CA9EF0D34DB006AD031E03A810

 
Можете да пишете коментар на текстот. За тоа потребно е да се регистрирате во прозорчето за регистрација.

поддршка

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner