куќарка за секира.орг.мк
за секира Print E-mail

sekira.org.mk е прв интернет портал наменет за шумите, шумарите и сите други заинтересирани за развојот и доброто на шумите во Македонија.

Иницијативата потекнува од неколку, свесни шумарки и шумари (дипломирани инжењери по шумарство) кои се обидуваат да го унапредат шумарството и да го промовираат значењето на шумите за доброто на општеството.

Името и симболот на порталот можеби даваат најпрво негативен предзнак на обичните луѓе, сепак тоа е внимателно одбрано како главна алатка на шумарите која во погрешни раце може да предизвика уништување, додека во вистински раце може да спречи ширење на пожари и болести, и да овозможи создавање на нови шуми.

Порталот е отворен за соработка со сите заинтересирани лица, организации, институции и компании.

Тие што се заинтересирани да помогнат околу подготвовката на содржините на порталот, можат да не контактираат преку адресата дадена за контакт.

Доколку сте во можност, однапред искажуваме благодарност доколку поставите банер од порталот на вашата интернет страница. 

 секира 125х125 банер - црн   секира 125х125 банер - проѕирен   секира 125х125 банер - бел

Постоењето на порталот е поддржан од страна на Одржливи иницијативи - Скопје.

------ ------ ------ ------ ------ ------

Секира (порталот) овозможува пренесување и складирање на информации, податоци и документи. Во најголем број од случаите настаните, односно новостите за кои информира секира се организирани од трети лица и Секира не е одговорен за нивната организација.
Содржините напишани од авторите се мислења, односно ставови на самите автори, Секира тие како такви ги пренесува и се оградува од било какви импликации истакнати во текстовите.
Авторите се добредојдени да пренесат информации кои потекнуваат од трети извори, односно за чија организација тие самите не се одговорни.

 

 
Од сега, па натаму во Документите можете да ја погледнете дигиталната верзија на Списанието на Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ - Наши шуми.

поддршка

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner
Banner